Трамп ќе ја повлече поддршката ако Израел го анектира Западен Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Тајм“ (Time) предупреди дека Израел ќе ја изгуби поддршката од САД“ ако го анектира Западен Брег.

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Тајм“ (Time) предупреди дека Израел ќе ја изгуби поддршката од САД“ ако го анектира Западен Брег.

– Тоа нема да се случи бидејќи им ветив на арапските држави, како дел од преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави Трамп во интервјуто направено на 15 октомври, а објавено денеска.

Претходно, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, денеска откако израелскиот Парламент усвои два закона насочени кон проширување на израелскиот суверенитет над Западниот Брег, изјави дека Израел нема да го анектира Западен Брег.

– Ако ова беше политички потег, тоа беше многу глупав политички потег и јас лично го сфаќам како навреда. Политиката на администрацијата на (американскиот претседател Доналд) Трамп е дека Западниот Брег нема да биде анектиран од Израел, тоа ќе продолжи да биде нашата политика, наведе Венс на крајот од неговата посета на Израел.

Во Израел денеска допатува американскиот државен секретар Марко Рубио, при што е предвидено тој да има средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.