Трамп: Ќе тргнам по целото криминално семејство Бајден

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп по обвинението изјави дека целосно ќе ја уништи длабоката држава.

Неколку часа по неговото вчерашно судење во Мајами, Флорида за случајот со доверливи документи, поранешниот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе тргне по актуелниот претседател Џо Бајден доколку во 2024 година биде реизбран за претседател.

„Ќе назначам вистински специјален обвинител кој ќе го следи најкорумпираниот претседател во историјата на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден и целото криминално семејство Бајден“, им рече Трамп на приврзаниците во Бедминстер, Њу Џерси.

Трамп спомна и неименувани поединци кои ги сметаше за одговорни за поткопување на изборите и границите на земјата.

„Кога ќе бидам реизбран, а ние ќе бидеме реизбрани – немаме избор; нема повеќе да имаме држава – целосно ќе ја уништам длабоката држава“, рече тој.

Обвинението против него го нарече „зло и најгрозоморно злоставување во историјата на земјата“.

Трамп, исто така, ги нападна демократите, велејќи дека обвинението има за цел да го одвлече вниманието од шемата за поткуп во која наводно е вклучено семејството Бајден.

„Тие сакаат да го одвлечат вниманието од вистинската шпионажа и вистинските злосторства… Ајде да излеземе и да го отповикаме претседателот Трамп за да не зборуваат за поткупот од 5 милиони долари“, рече тој.