Трамп: Ќе се сретнам со Путин

Трамп уште еднаш го изрази својот став дека оваа војна никогаш не требало да започне. Дека Трамп им наложил на своите соработници да го договорат неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во деновите откако ќе положи заклетва, со цел да закаже директна средба во наредните месеци со цел да се стави крај на војната во Украина, објави вчера Си-Ен-Ен од неименувани извори.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но додаде дека не е одреден датум за средбата.

Трамп, кој ја презеде функцијата во понеделникот, исто така додаде дека ќе се обиде да стави крај на војната меѓу Русија и Украина што е можно поскоро.

Тој ова им го кажа на новинарите при потпишувањето на извршните наредби во Овалната соба, пренесува Ројтерс.

– Ќе се сретнам со претседателот Путин – рече Трамп одговарајќи на новинарски прашања за можноста за таква средба.

На прашањето како планира да ја заврши војната во Украина, американскиот претседател рече:

„Се обидуваме да го направиме тоа што е можно поскоро“.

Трамп уште еднаш го изрази својот став дека оваа војна никогаш не требало да започне. Дека Трамп им наложил на своите соработници да го договорат неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во деновите откако ќе положи заклетва, со цел да закаже директна средба во наредните месеци со цел да се стави крај на војната во Украина, објави вчера Си-Ен-Ен од неименувани извори.

Изворите рекоа дека претставници на тимот за национална безбедност на Трамп почнале да работат на закажување телефонски разговор на Трамп со Путин пред неколку недели. Телевизиската мрежа соопшти дека не е познато дали датумот за телефонскиот разговор е веќе одреден.

Трамп не разговара директно со Путин речиси три години.

За време на предизборната кампања, Трамп вети дека ќе стави крај на конфликтот во Украина во рок од еден ден по полагањето на заклетвата.