Трамп ќе се обиде да ја започне втората фаза од мировниот план за Газа
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес пред средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе се обиде да ја започне втората фаза од мировниот план за Газа „што е можно поскоро“.

„Многу брзо, што е можно поскоро, но мора да има разоружување, мора да го разоружиме Хамас“, изјави Трамп за Си-Ен-Ен пред неговата резиденција во Мар-а-Лаго, Флорида.
Повеќе од два месеци откако Трамп отпатува во Египет за да потпише мировен договор за Газа, клучните делови од договорот сè уште не се дефинирани, бидејќи Израел ја заострува воената контрола врз опустошената енклава, според американската телевизија.