Трамп ќе го разнесе Бајден на изборите – прогнозира Си-Ен-Ен

И покрај криминалниот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, тој се уште е во предност во изборната трка пред актуелниот шеф на Белата куќа, Џо Бајден, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на истражување спроведено во име на ТВ каналот.

Според оваа анкета, 49 отсто од испитаниците се изјасниле дека го поддржуваат Трамп, додека 43 отсто го поддржуваат Бајден.

Дури 70 отсто од гласачите се жалат на актуелните економски услови во земјата, а 53 отсто велат дека се незадоволни од својата финансиска состојба.

Претседателските избори во САД во 2024 година ќе се одржат во вторник, на 5 ноември 2024 година, а официјалните резултати од изборното гласање ќе бидат објавени на 6 јануари 2025 година.

Ова се 60-ти претседателски избори по ред, а ќе се одржат заедно со изборите за сите места во Претставничкиот дом и 33 места или околу една третина од Сенатот.