Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат – Доналд Трамп во говорот во Националната асоцијација за пушки (NRA) вети дека ќе ги олесни прописите за поседување оружје што ги воведе демократскиот претседател – Џозеф Бајден.
Трамп го искористи обраќањето до илјадници членови на NRA во Далас за да ја расветли неговата политика, но и да ги охрабри членовите на NRA да гласаат на ноемвриските избори, пренесува Reuters.
„Треба да ги натераме сопствениците на оружје да гласаат. Мислам дека сте бунтовен куп. Бидете бунтовни и гласајте овој пат“, рече Трамп во говорот што траеше повеќе од 90 минути.
Националната асоцијација за пушки (NRA) со ентузијазам го поддржа Трамп за време на претседателската трка во 2016 година и во текот на неговата администрација, аплаудирајќи го неговото назначување на тројца конзервативни судии во Врховниот суд и преземајќи голем број чекори што ги бара влијателниот лоби за оружје, според Ројтерс.
Меѓудругото, Трамп помогна продавниците за оружје да се третираат како суштински бизнис за време на пандемијата на коронавирус, дозволувајќи им да останат отворени.
Републиканците, поддржани од НРА и други групи за заштита на оружјето, главно се противат на построги закони за оружје, наведувајќи го правото на носење оружје предвидено во Вториот амандман на Уставот на САД.
Тој нивен став остана непроменет дури и по масовните престрелки, што доведе до тоа многу демократи да се залагаат за посилна контрола на оружјето, наведува Ројтерс.