Трамп: Ја сакам нашата земја, повторно ќе се кандидирам!

„Ништо нема да ме спречи. Треба повторно да ја зајакнеме нашата земја, која отиде во пеколот. Работите брзо се влошија. Ја сакам нашата земја и ќе го направам она што е правилно за неа“.

Ова го изјавил екс-претседателот на САД – Доналд Трамп за „Newsmax“ одговарајќи на новинарско прашање за тоа што може да го спречи да се кандидира.

Според анкетите на јавното мислење, повеќето Американци се подготвени да гласаат за поранешниот американски претседател, пренесува РИА Новости.

На прашањето за кого би гласале, 42 отсто му изразиле поддршка на Бајден, а 44 отсто со поддршка се за Трамп.