Поранешниот американски претседател Доналд Трамп оцени дека рускиот претседател Владимир Путин е „донекаде ослабен“ од бунтот на приватната воена компанија „Вагнер“ и додаде дека сега е време САД да се обидат да посредуваат во мировниот договор меѓу Русија и Украина.
„Сакам луѓето да престанат да умираат поради оваа смешна војна“, рече Трамп во телефонско интервју за Ројтерс.
Кога станува збор за Украина, Трамп не ја исклучи можноста владата во Киев да мора да и отстапи одредена територија на Русија за да ја запре војната. Тој додаде дека, ако тој беше претседател, сè ќе беше „предмет на преговори“, но дека Украинците, кои енергично се бореа да ја одбранат својата земја „заслужија многу пофалби“.
„Мислам дека тие имаат право да задржат многу од заработеното и мислам дека Русија би се согласила на тоа. Потребен е вистински посредник или преговарач, а ние го немаме тоа во моментов“, рече Трамп.
Според неговото мислење, рускиот претседател Владимир Путин е ослабен од бунтот Вагнер, но сепак е силен.
Трамп смета дека доколку Путин не бил на власт, не се знае која е алтернативата и дека може да биде подобра, но и многу полоша, пренесува Танјуг.