Републиканскиот претседателски кандидат во САД, Доналд Трамп, предложи странците кои ќе дипломираат во Америка „автоматски“ да добијат „Зелена карта“ заедно со дипломата за да останат во земјата.
„Ако сте дипломирале на колеџ, мислам дека треба автоматски да добиете „Зелена карта“ како дел од вашата диплома за да можете да останете во оваа земја“, рече Трамп на подкастот „All-In“, објави денеска Ројтерс.
За време на интервјуто, Трамп ја обвини пандемијата на коронавирус затоа што не можеше да ги спроведе сите мерки што ги сакаше додека беше претседател.