
Трамп со порака до Европјаните од Шкотска: Имиграцијата ве убива!
Американскиот претседател Доналд Трамп e во Шкотска во рамки на четиридневна посета која вклучува и средби на високo ниво. Посетата на Трамп е неофицијална и во голема мера поврзана со голф. Веднаш по пристигнувањето го пофали британскиот премиер Кир Стармер како „добар човек“, а нелегалната миграција ја нарече „ужасна инвазија која ја убива Европа“.
Американскиот претседател Доналд Трамп e во Шкотска во рамки на четиридневна посета која вклучува и средби на високo ниво. Посетата на Трамп е неофицијална и во голема мера поврзана со голф. Веднаш по пристигнувањето го пофали британскиот премиер Кир Стармер како „добар човек“, а нелегалната миграција ја нарече „ужасна инвазија која ја убива Европа“.
„Подобро соземете се или повеќе нема да имате Европа. Мора да се соземете“, рече тој. „Дозволувате ова да ви се случува на вашите земји и мора да ја запрете оваа ужасна инвазија. Имиграцијата ја убива Европа. Некои европски лидери не дозволија инвазија во своите земји, нема да ги именувам, и не добија доволно признание за тоа“, изјави Трамп.
Тој додава и дека во САД во последниот месец не влегол ниту еден илегален мигрант.
Трамп исто така ја критикуваше поставувањето на ветерници низ целиот континент. „Запрете ги ветерниците. Ги уништувате своите земји. Тажно е да видат сите тие ветерници насекаде од воздух, ги уништуваат вашите преубави полиња и долини и ги убиваат птиците“, порача тој.
По слетувањето, Трамп се упати кон Трнбери, еден од неговите шкотски голф терени. Дел од неговата посета вклучува и отворање на второ игралиште во Абердиншир.
„Нема место како Трнбери. Веројатно е најдоброто игралиште во светот, а Абeрдин е веднаш до него“, рече тој, додавајќи дека актерот Шон Конери му помогнал да добие дозволи за градба. „Ако не беше Шон Конери, немаше да ги имаме тие одлични терени.“
Планирано е додека е во Шкотска Трамп да се сретне со премиерот Кир Страмер.
„Ми се допаѓа вашиот премиер. Малку е полиберален од мене, но е добар човек, склучи трговски договор. Тоа е добра работа за Обединетото Кралство“, изјави Трамп пред новинарите.
Се очекува двајцата да разговараат за можни измени на трговскиот договор меѓу САД и Обединетото Кралство, кој стапи на сила минатиот месец. За време на посетата, Трамп ќе се сретне и со шкотскиот премиер Џон Свини, како и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Трамп оцени дека постои „добра шанса, 50-50“ за трговски договор со ЕУ, но напомена дека постојат „можеби 20 спорни точки“.
Во САД, Трамп се соочува со политичка криза поради постапувањето на неговата администрација со документите поврзани со финансерот и сексуален преступник Џефри Епстин. Новинарите веднаш го прашаа и за ова при излегувањето од авион.
„Правите голема работа од нешто што не е големо. Јас сум фокусиран на склучување зделки, а не на теории на заговор како вас“, одговори тој, додавајќи дека „сега не е време“ да се дискутира за помилување на Гислејн Максвел, затворената соработничка на Епстин.
Иако доаѓањето на Трамп привлече и поддржувачи, неговата посета исто така предизвика и протести. Групата „Стоп Трамп Шкотска“ најави демонстрации во Единбург, Абердин и Дамфрис. Според анкета на Ipsos од март, околу 70% Шкоти имаат негативно мислење за Трамп.
„Зошто да не го плати сам? Дојде поради голфот, нели?“ рече Мерл Фергусон, протестантка во Единбург со транспарент против Трамп. „Тоа апсолутно нема никаква врска со јавните пари, било американски или британски.“