
Трамп се очекува да потпише извршна наредба за создавање ракетен штит „Железна купола“
Претседателот на САД, Доналд Трамп се очекува денеска да потпише извршна наредба со која се предвидува создавање на противракетен одбранбен штит „Железна купола“ за државата, јави Си-Ен-Ен.
Претседателот на САД, Доналд Трамп се очекува денеска да потпише извршна наредба со која се предвидува создавање на противракетен одбранбен штит „Железна купола“ за државата, јави Си-Ен-Ен.
Трамп претходно вети дека ќе изгради таков систем – сличен на истоимениот ракетен одбранбен систем на Израел – како дел од мерките за зајакнување на американската воена безбедност.