
Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп изјави денеска дека САД ќе останат во НАТО „ако земјите од ЕУ се однесуваат праведно кон Америка“.
Во интервју за „GB News“, Трамп ги осуди земјите од ЕУ за „искористување на (актуелната) ситуација“ и им рече да платат доколку сакаат загарантирана американска поддршка.
„САД треба праведно да го платат својот дел, но не и уделот на сите други членки“, рече поранешниот американски претседател.