Трамп: САД се во трговска војна со Кина

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа на прес конференција во Белата куќа изјави дека Америка е во трговска војна со Кина. Запрашан за заканата од трговска војна со Кина тој децидено кажа „веќе сме во трговска војна“.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, синоќа на прес конференција во Белата куќа изјави дека Америка е во трговска војна со Кина.

Запрашан за заканата од трговска војна со Кина тој децидено кажа „веќе сме во трговска војна“.

Трамп во петокот објави воведување дополнителни царини од 100 отсто за увоз од Кина, обвинувајќи го Пекинг дека зазема „исклучително агресивен став“ во трговските односи.

Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп изјави дека Кина испратила „екстремно непријателско писмо до светот“ и вовела „масовни контроли на извозот на речиси секој производ што го произведуваат“.

Трамп предупреди дека новите царини ќе стапат на сила на 1 ноември и објави дека САД ќе воведат и контроли на извозот на својот клучен софтвер за Кина.