Екс-американскиот претседател – Доналд Трамп го повика рускиот претседател – Владимир Путин да ги објави сите компромитирачки информации за семејството Бајден и односите на Хантер Бајден со олигарсите во источна Европа, пишува лондонски „Гардијан“.
„Мислам дека Путин ги знае одговорите на тоа и треба да ги објави. Сметам дека треба да го добиеме тој одговор“ – изјави Трамп во интервју за американскиот „Just the News“.
Тој алудира на наводен бизнис на Хантер Бајден (синот на актуелниот американски претседател Џо Бајден) во Русија.
Трамп се повикува на извештајот на Сенатот од 2020 година во кој се наведува дека рускиот олигарх Јелена Батурина, во тоа време сопруга на градоначалникот на Москва, пред десет години обезбедила 3,5 милиони за компанија основана од синот на претседателот Џо Бајден, без притоа да се појасни зошто се доделени тие средства.
„Како градоначалникот на Москва и неговата сопруга, му дале на семејството Бајден три и пол милиони долари? Мислам дека Путин сега би сакал да даде одговор. Сигурен сум дека знае“ вели Трамп.
Порота во САД го истражуваше бизнисот на Хантер Бајден поради сомневања за даночни прекршувања, странско лобирање и перење пари, но тој негираше каква било вина.