Трамп: Противниците на царините им служат на непријателски странски интереси

Соединетите Американски Држави сè уште ги немаат пресметано целосните придобивки од воведувањето на царините, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, напоменувајќи дека противниците на тарифите „им служат на непријателски странски интереси“.

„Целосната корист од царините сè уште не е пресметана, со оглед на тоа што многу купувачи на стоки и производи, со цел да избегнат плаќање царини на краток рок, ‘трупаат залихи’ купувајќи далеку повеќе отколку што можат да искористат. Сепак, тоа големо купување залихи сега се исцрпува и наскоро ќе се плаќаат царини за сè на што се однесуваат тарифите, без избегнување. Оние што ни се спротивставуваат им служат на непријателски странски интереси кои не се усогласени со успехот, безбедноста и просперитетот на САД“, напиша Трамп на својата страница на Трут соушл.

Американскиот претседател додаде дека со нетрпение ја очекува „одлуката на Врховниот суд на САД за ова итно прашање, за кое е потребно веднаш да се постапи“.