
Трамп пред средбата со Зеленски: Знам точно што правам!
– Решив шест војни за шест месеци, од кои една се закануваше со нуклеарна катастрофа. „Сепак, морам да го читам Волстрит џурнал и многу други кои навистина немаат поим и велат дека сè правам погрешно во врска со руско-украинскиот хаос“, напиша Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се пофали со своите „мирни достигнувања“, пред денешните преговори за Украина, кои многумина ги сметаат за пресвртница.
– Знам точно што правам – напиша Трамп на социјалните мрежи, додавајќи дека медиумите продолжуваат да го напаѓаат и покрај, како што тврди, големите успеси.
– Решив шест војни за шест месеци, од кои една се закануваше со нуклеарна катастрофа. „Сепак, морам да го читам Волстрит џурнал и многу други кои навистина немаат поим и велат дека сè правам погрешно во врска со руско-украинскиот хаос“, напиша Трамп.
Во исто време, тој повторно го обвини претседателот Џо Бајден дека ја започнал војната во Украина, иако офанзивата ја започна Русија под водство на Владимир Путин.
– Ова се сите исти луѓе кои тврдеа дека Бајден знае што прави. Погледнете каде нè одведе! Да не беше Бајден, никогаш немаше да има војна – заклучи Трамп.