Поранешниот американски претседател и најверојатно републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави денеска дека се уште верува оти прашањето за забрана на абортусот треба да се одредува според законите на сојузните држави на САД, а не со усвојување национална забрана за абортус.
Во видеото објавено на неговата платформа Truth Social, Трамп изјави дека го поддржува абортусот во случаи на силување, инцест и за заштита на животот на мајката.
Трамп, исто така, ја повтори својата поддршка за достапноста на ин витро оплодување, пишува Ројтерс, истакнувајќи дека откако ја започна својата кампања на крајот на 2022 година, Трамп во голема мера ја избегнуваше темата за абортусот.