Трамп објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран

На објава на својата социјална мрежа Трут Сошл, Трамп напиша „Честитки на сите! Целосно е договорено меѓу Израел и Иран дека ќе има целосен и тотален ПРЕКИН НА ОГНОТ (за приближно 6 часа од сега, кога Израел и Иран ќе се повлечат и ќе ги завршат своите, во тек, последни мисии!), во траење од 12 часа, по што Војната ќе се смета за ЗАВРШЕНА!“

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Израел и Иран постигнале договор за целосен прекин на огнот, со надеж дека тој ќе стане траен.

На објава на својата социјална мрежа Трут Сошл, Трамп напиша „Честитки на сите! Целосно е договорено меѓу Израел и Иран дека ќе има целосен и тотален ПРЕКИН НА ОГНОТ (за приближно 6 часа од сега, кога Израел и Иран ќе се повлечат и ќе ги завршат своите, во тек, последни мисии!), во траење од 12 часа, по што Војната ќе се смета за ЗАВРШЕНА!“

Во објавата на социјалната мрежа исто така беше наведено дека „Официјално, Иран ќе го започне прекин на огнот, во 12-тиот час, Израел ќе го започне прекин на огнот и, во 24-тиот час, светот ќе го поздрави Официјалниот КРАЈ на 12-ДНЕВНАТА ВОЈНА.“

Трамп во објавата нагласи дека за време на секој прекин на оган, од другата страна ќе остане мир и почит. Под претпоставка дека сè ќе функционира како што треба, што и ќе функционира, би сакал да им честитам на двете земји, Израел и Иран, за тоа што имаа издржливост, храброст и интелигенција за да го завршат она што треба да се нарече „12-ДНЕВНА ВОЈНА“.

„Ова е војна што можеше да трае со години и да го уништи целиот Блиски Исток, но не се случи, и никогаш нема! Бог да го благослови Израел, Бог да го благослови Иран, Бог да го благослови Блискиот Исток, Бог да ги благослови Соединетите Американски Држави и БОГ ДА ГО БЛАГОСЛОВИ СВЕТОТ!“, напиша Трамп.