Трамп нè молеше за примирје, тврдат ирански државни медиуми
Државните медиуми во Иран утрово известија за прекинот на огнот меѓу Иран и Израел што го објави американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека примирјето всушност било „наметнато на Израел“ по, како што велат, „успешниот воен одговор на Иран на американската агресија“.

Како што потсетуваат, Иран вчера започна напад врз американската воена база во Катар, како одговор на американските воздушни напади еден ден претходно врз иранските нуклеарни објекти.
Извештајот на иранската државна телевизија, исто така, наведува дека Трамп побарал примирје „на начин што личел на молба“, со што се обидел да обликува наратив за домашната јавност во кој Иран воено и дипломатски ги надвладеал своите противници.
Трамп, сепак, презентираше сосема поинаква верзија на настаните на својата социјална мрежа Truth Social. Тој тврди дека Израел и Иран му пристапиле „скоро истовремено“ и му рекле „мир“.
„Знаев дека времето е токму сега“, додаде Трамп во објавата.