Трамп не ја поддржа Мачадо за претседател на Венецуела затоа што ја прифатила Нобеловата награда

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ја отфрли лидерката на опозицијата, Марија Корина Мачадо, како потенцијална вршител на должноста претседател на Венецуела поради нејзината одлука да ја прифати Нобеловата награда за мир минатата година, објави „Вашингтон пост“.

Повикувајќи се на два извори блиски до Белата куќа, во извештајот се вели дека обидите на Мачадо да го пофали Трамп по добивањето на наградата не биле доволни за да го смират американскиот претседател, кој отворено ја посакува наградата и верува дека тој заслужува да ја добие.

„Доколку таа ја одбиеше наградата и речеше „Не можам да ја прифатам затоа што Доналд Трамп требаше да ја добие“, таа денес ќе беше претседател на Венецуела“, рече еден од изворите.

Прифаќањето на наградата од Мачадо беше опишано како „најголем грев“, според изворот.

Наместо тоа, Вашингтон моментално работи со потпретседателката на соборениот Николас Мадуро, вршителката на должноста претседател Делси Родригез, која вчера изјави дека операцијата за апсење на нејзиниот претходник имала „ционистички призвук“.