Трамп наводно му дал зелено светло на Израел за напад врз раководството на Хамас во Катар

Претседателот на САД, Доналд Трамп, дал зелено светло за израелската акција во Катар, изјавил висок израелски функционер за Канал 12, пренесе Тајмс од Израел.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, дал зелено светло за израелската акција во Катар, изјавил висок израелски функционер за Канал 12, пренесе Тајмс од Израел.

Долгогодишниот лидер на Хамас, Халед Машал, кого Израел се обидел да го ликвидира во Јордан во 1997 година, бил меѓу лидерите на Хамас на состанокот кој бил цел на денешниот напад во Доха, јави телевицијата.

Во главниот град на Катар, Доха, денеска се слушнале неколку експлозии и се појавил густ чад, рекле очевидци за арапски медиуми.

Еден жител на Доха за англискиот сервис на Ал Арабија рекол дека слушна најмалку пет експлозии.

Според прелиминарните информации на Ал Арабија, главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, е убиен во израелски напад во Катар. Вкупниот број на загинати или ранети во нападот сè уште не е познат.

Ал-Хаја наводно е убиен во нападот, но информацијата сè уште не е официјално потврдена, а точниот број на загинати или повредени останува непознат.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека извршиле напад „насочен кон високото раководство“ на Хамас, без да ја прецизира конкретната локација на нападот.

„Пред нападот, беа преземени мерки за намалување на штетата врз цивилите, вклучително и употреба на прецизна муниција и дополнителни разузнавачки информации“, соопшти ИДФ.

ИДФ и Шин Бет во соопштение објавија дека ја таргетирале раководната структура на Хамас со удар изведен од Израелските воздухопловни сили.

Во соопштението не се споменува експлицитно Катар, но доаѓа по извештаите за силни експлозии во Доха, каде што се наоѓа врвното раководство на Хамас, пишува Тајмс оф Израел.

– Членовите на раководството кои беа погодени ги водеа активностите на терористичката организација со години и се директно одговорни за извршувањето на масакрот на 7 октомври и за водењето на војната против државата Израел, се вели во соопштението.