Трамп: Можам да го уништам Иран за еден ден

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел „да го уништи Иран за еден ден”, бранејќи ја одлуката за блокирање на Ормускиот теснец по неуспешните разговори со Техеран.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел „да го уништи Иран за еден ден”, бранејќи ја одлуката за блокирање на Ормускиот теснец по неуспешните разговори со Техеран.

Во разговор за „Фокс њуз“, Трамп вели дека Иран не може да одлучи кои бродови можат да поминат низ теснецот, велејќи дека или сите бродови мора да имаат безбеден премин или ниту еден.

„Нема да дозволиме Иран да заработува пари продавајќи нафта на луѓе кои му одговараат“, рече Трамп. „Ќе биде сè или ништо, и така ќе биде“, додаде тој.

Трамп рече дека блокадата ќе биде слична на онаа што САД претходно ја воведоа врз Венецуела, но во поголем обем, сугерирајќи дека тоа би можело да доведе до тоа повеќе танкери да доаѓаат во САД за да купуваат нафта.

Тој, исто така, ја повтори заканата од напади врз енергетската инфраструктура на Иран.

„Можам да го уништам Иран за еден ден… Можам да ја уништам целата нивна енергија, сè, секој нивни објект, електрани, што е голема работа“, рече тој.