Трамп за само 24 часа собра 4 милиони долари од донации во кампањата

Спротивно од очекувањата на демократите, се зголемува популарноста на поранешниот американски претседател Доналд Трамп по обвинението во судот на Менхетен!

Самиот Трамп, кој тврди дека е жртва на политички лов на вештерки, наведува дека во првите 24 часа откако беше објавено дека е објавено обвинението против него, собрал четири милиони долари донации за изборната кампања.

Тој претходно најави дека ќе се кандидира за претседателските избори кои ќе се одржат во ноември 2024 година и се смета за прв кандидат на Републиканската партија. Адвокатите на Трамп изјавија за Sky News дека тој е „подготвен да се бори“ додека се подготвуваат за неговото појавување на суд во вторник:

– Тој се чувствува добро. Тој е издржлив и силен и, се разбира, не се радува на веста за обвинението. Но, тој е подготвен да се бори. Претседателот Трамп апсолутно ќе ја продолжи својата кампања за претседателската функција – изјави адвокатката Алина Хаба.

Трамп треба да се појави на 15-тиот кат од судот и ќе биде изведен во истата судница каде што филмскиот продуцент Харви Вајнштајн беше осуден за силување и сексуален напад во февруари 2020 година.

Обвинението против Трамп, кое не е отпечатено, наводно има 30 точки.