Трамп до Путин за размената на затвореници: Одлично, ослободија некои од најголемите убијци

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера му честиташе на рускиот претседател Владимир Путин за големата размена на затвореници меѓу Русија, Белорусија и неколку западни земји.

„Би сакал да му честитам на Владимир Путин што направи уште една голема работа“, рече републиканскиот претседателски кандидат на настан во Атланта, Џорџија.

„Тие ги ослободија некои од најголемите убијци во светот“, рече Трамп.

„Тие ги вратија некои од најзлобните убијци. Ги вративме нашите луѓе, но човече, направивме ужасни, ужасни зделки. И убаво е да се каже дека ги вративме, но дали тоа постави лош преседан?“ рече тој.

Во невидена размена на затвореници, Русија и Белорусија ослободија 16 лица кои беа затворени, меѓудругото, поради нивните новинарски и активистички активности.

За возврат, 10 лица и беа предадени на Москва од затворите во различни западни земји.

Неколку земји беа вклучени во размената, при што двајца американски граѓани од висок профил – новинарот на Волстрит журнал Еван Гершкович и поранешниот американски маринец Пол Вилан – се вратија дома.

Како дел од зделката, ослободен е и Русинот – Вадим Красиков, кој во Германија беше осуден на доживотен затвор за убиство на Грузиец со чеченско потекло во 2021 година во срцето на Берлин.