Трамп: Доколку Ормуз не се отвори веднаш, ќе ги уништиме островот Харг, иранските електрани и нафтените наоѓалишта

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека доколку Ормуската Теснина не се отвори веднаш, САД ќе ги уништат островот Харг, иранската енергетска инфраструктура и нафтените наоѓалишта.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека доколку Ормуската Теснина не се отвори веднаш, САД ќе ги уништат островот Харг, иранската енергетска инфраструктура и нафтените наоѓалишта.

„Доколку Ормуската Теснина не се отвори веднаш за работа, ќе го завршиме нашиот убав престој во Иран со кревање во воздух и целосно уништување на сите нивни електрани, нафтени наоѓалишта и островот Харг (и можеби сите постројки за десалинизација!), кои намерно сè уште не сме ги ни допреле“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“.

Тој изјави дека таков напад би бил одмазда за „многуте војници и други, кои Иран ги закла и уби за време на 47-годишното владеење на теророт на стариот режим“.

Трамп додаде дека САД водат „сериозни преговори“ со „нов, поразумен режим“ за прекин на војната и дека е постигнат „голем напредок“, но не прецизира со кого преговараат САД.

Американскиот претседател неодамна изјави дека преговорите за прекин на војната напредуваат добро и му даде на Техеран повеќе време да ја прекине блокадата на Ормуз.