Трамп го повика Хамас да ги ослободи сите израелски заложници

Му велам на Хамас ВЕДНАШ да ги ослободи сите 20 заложници (не два, ниту пет, ниту седум!) и ситуацијата брзо ќе се промени. ЌЕ ЗАВРШИ!, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social)

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска повторно го повика Хамас да ги ослободи сите израелски заложници, со што би завршила војната во Појасот Газа.

– Му велам на Хамас ВЕДНАШ да ги ослободи сите 20 заложници (не два, ниту пет, ниту седум!) и ситуацијата брзо ќе се промени. ЌЕ ЗАВРШИ!, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).

Војната во Појасот Газа почна на 7 октомври 2023 година по нападот на Хамас врз Израел. Според израелските податоци, тогаш биле убиени околу 1.200 луѓе, а 251 заложник биле земени како заложници во Појасот Газа.

Според информациите од Министерството за здравство на Хамас, бројот на жртви во палестинската енклавата за време на одмаздничката израелска офанзива веќе надминал 63.000 луѓе.