-Нашата земја и нашето таканаречено раководство го исмеваа Путин. Реториката беше толку глупа. Речиси и да го натераа да ја почне војната, изјавил Трамп, кој уверува дека до војната не би ни дошло доколку тој е претседател.
Трамп во интервју за „вистински глас на Америка“ изјавил дека глупата реторика на претседателот Бајден го натерала Путин да испрати трупи во Украина.
Од друга страна на митинг пред неговите поддрживачи во невада Трамп порача дека е неопходно итно да се започнат преговори за прекин на конфликтот во Украина, во спротивно како што изјавил кризната состојба може да прерасне во Трета светска војна.