Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп го нарече актерот Роберт де Ниро „патетичен лудак“ откако Де Ниро одржа прес-конференција во вторникот пред судот каде што на републиканскиот кандидат му се суди за случајот Сторми Даниелс.
„Никогаш не знаев колку е мал, и психички и физички, луд поранешниот актер Роберт де Ниро. Денес, Де Ниро, кој боледува од неизлечива состојба, пред судот го пречека многу поголема сила од радикалната левица – МАГА (Направи ја Америка повторно голема“, изјави Трамп на мрежата „Трут социјал“.
Тој заклучи дека филмовите на Де Ниро не се квалитетни откако тој се приклучи на кампањата на претседателот Џозеф Бајден и оцени дека актерот изгледал „патетично и тажно“ за време на конференцијата, пренесува „Фокс њуз“.
Во вторникот, на конференцијата на Де Ниро се приклучија двајца поранешни полицајци кои беа присутни за време на рацијата на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.
АП наведе дека тоа е обид на Бајден и неговата кампања да ја фокусираат претседателската трка на инвазијата на екстремните поддржувачи на Трамп во Капитол во 2021 година, откако тој ги загуби претседателските избори.
„Ние њујорчаните го толериравме кога тој беше само уште еден продавач што се преправаше во голем ѕвер. Го сакам овој град. Не сакам да го уништам. Доналд Трамп сака да го уништи не само градот, туку и земјата, а на крајот, може да го уништи светот“, предупреди вчера Де Ниро.