
Трамп го назначи специјалниот советник Кит Келог за специјален пратеник за Украина
„Задоволство ми е да ве информирам дека генералот Кит Келог е назначен за специјален пратеник за Украина. Генералот Келог, високо почитуван воен експерт, директно ќе се занимава со претседателот Зеленски и украинското раководство. Тој добро ги познава и тие имаат многу добри работни односи“, рече Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека го назначил својот специјален советник за Украина и Русија, Кит Келог, за специјален пратеник за Украина, задолжен да работи директно со претседателот Володимир Зеленски и украинското раководство.
„Задоволство ми е да ве информирам дека генералот Кит Келог е назначен за специјален пратеник за Украина. Генералот Келог, високо почитуван воен експерт, директно ќе се занимава со претседателот Зеленски и украинското раководство. Тој добро ги познава и тие имаат многу добри работни односи“, рече Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Од ноември 2024 година, Келог ја извршуваше функцијата специјален советник за Украина и Русија.