Трамп ги обвини Бајден и Харис за обидот за атентат: Тие се вистинска закана

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ги обвини сегашниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис за вториот обид за атентат во неговиот голф клуб во Флорида.

За време на интервју за Fox News Digital, Трамп рече дека осомничениот верувал во изјавите на Бајден и Харис и постапил според нив. „Тие пукаат во мене поради нивната реторика. Кога јас сум тој што ќе ја спаси земјата, а тие се оние кои ја уништуваат – и одвнатре и однадвор“, рече тој.

Тој алудираше на коментарите на Бајден и Харис дека Трамп е закана за демократијата.

„Тоа се луѓе кои сакаат да ја уништат нашата земја. Бајден и Харис се вистинска закана. Тие користат запаливи изјави. И јас би можел да го сторам тоа, многу подобро од нив, но не го правам тоа“, рече Трамп.