
Трамп: Венецуела ќе плати „непроценлива“ цена ако не ги прими назад ментално болните и затворениците
Илјадници луѓе биле тешко повредени, па дури и убиени, од овие „чудовишта“. ИЗВЕДЕТЕ ГИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА, ВЕДНАШ, ИЛИ ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌАТЕ ЌЕ БИДЕ НЕПРОЦЕЛИВА!, напиша Трамп.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ѝ се закани на Венецуела дека ќе плати „непроценлива“ цена ако не прифати назад „затвореници и психијатриски пациенти“ кои, според него, венецуелското „раководство“ ги натерало да влезат во САД.
– Сакаме Венецуела веднаш да ги прифати сите затвореници и луѓе од психијатриски институции, меѓу кои и од најлошите лудници во светот, што венецуелското „раководство“ ги натерало да влезат во Соединетите Американски Држави. Илјадници луѓе биле тешко повредени, па дури и убиени, од овие „чудовишта“. ИЗВЕДЕТЕ ГИ ОД НАШАТА ЗЕМЈА, ВЕДНАШ, ИЛИ ЦЕНАТА ШТО ЌЕ ЈА ПЛАЌАТЕ ЌЕ БИДЕ НЕПРОЦЕЛИВА!, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Оваа порака на Трамп се очекува дополнително да ги ескалира тензиите меѓу двете земји. По наредба на претседателот на САД, неклку воени бродови се распоредени во Карипското Море со образложение дека ја спречуваат трговијата со дрога.
Но, претседателот на Венецуела Николас Мадуро смета дека целта е дестабилизација на неговиот режим.