Трамп вели дека Бајден е луд и во поодмината фаза на деменција

Екс претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека актуелниот американски претседател Џо Бајден е „луд или дементен“, откако сегашниот лидер го нарече Трамп екстремист.

Бајден рече дека Трамп и поддржувачите на движењето „Направи ја Америка повторно голема“ претставуваат екстремизам што е закана за САД. Тој нагласи дека ги почитува конзервативните републиканци, но дека оние кои го поддржуваат споменатото движење ја уништуваат демократијата, повикувајќи го народот да гласа и да се бори за спас на САД.

„Ако ги погледнете зборовите и значењето на чудниот и лут говор на Бајден вечерва, тој и се закани на Америка, вклучително и потенцијална употреба на воена сила. Мора да е луд или во поодмината фаза на деменција“ – напиша Трамп на социјалните мрежи.