Трамп бара 475 милиони долари од Си-Ен-Ен – го клеветеле!

Екс претседателот на САД, Доналд Трамп вчера го тужеше Си-Ен-Ен за клевета. Тој бара отштета од 475 милиони долари.

Во тужбата, поднесена во судот во Форт Лодердејл Трамп тврди дека Си-Ен-Ен го искористил своето значително влијание за да го порази политички. Од медиумската куќа се уште не се изјасниле за тужбата.

Трамп на 29 страници од тужбата пишува дека Си-Ен-Ен долго време го критикувал, но дека тоа го интензивирал во последните месеци бидејќи планира повторно да се кандидира на изборите во 2024 година.

Во документот се наведуваат примери на Си-Ен-Ен што го споредува Трамп со Хитлер, вклучително и филм од јануари 2022 година на Фарид Закарија, кој вклучува снимки од поранешниот диктатор, пренесува Ројтерс.