
На Илиџа во Сараево синоќа дошло до несреќа кога трамвај удрил во маж, кој починал на пат кон болница, дознава Аваз.
Оваа информација ја потврдила и портпаролката на Министерството за внатрешни работи – Мерсиха Новалиќ.
„Околу 21:35 часот ПУ Илиџа добила повик од екипа на Заводот за итна медицинска помош дека на улицата Харис Мерзиќ се случила сообраќајна несреќа во која трамвај во движење повредил постар човек. За време на транспортот до КЦУС, мажот починал во амбулантата. Во моментов сообраќајот на трамвај е во прекин, а полицајци се на терен“ – изјавила Новалиќ за порталот Аваз.