Траги од Велибор Манев се пронајдени на лепливата лента која била ставена на устата на Вања

Според обдукцијата, Вања, пред да биде пукано во неа, не била претходно угушена. Пукано е од пола метар, одзади, додека клечела.

На денешното судење за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски се изведуваат материјални докази од страна на Обвинителството.

Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска рече дека еден проектил бил пронајден во телото на Вања Ѓорчевска при направената обдукција. Таа појасни дека проектилот бил од боева муниција со 9 милиметри, производство од 2002 година.

Обвинителката исто така го презентираше доказ за пронајдена леплива лента, која била ставена на устата на девојчето при киднапирањето. На лентата пронајдени се биолошки траги од обвинетиот Велибор Манев.

Според обдукцијата, Вања, пред да биде пукано во неа, не била претходно угушена. Пукано е од пола метар, одзади, додека клечела.

Обдукцијата покажала дека двете жртви, и Вања и 74-годишниот Панче Жежовски претрпеле тешко физичко страдање пред да бидат убиени.