Приватниот авион што вчера се урна во Балтичкото Море кај Летонија, му припаѓал на германскиот бизнисмен Георг Гризман и летал од Шпанија, соопшти денеска неговата компанија „Квик ер“.
Цесна 551 полета од јужна Шпанија во неделата попладне, пренасочен кон Париз и Келн пред да сврти кон Балтичкото Море, каде што се урна во водата источно од шведскиот остров Готланд, објави Ројтерс.
„Можам да потврдам дека тоа беше приватен авион на нашиот сопственик Георг Гризман“, изјави портпаролот на „Квик ер“, чартер компанија со седиште во Келн.
Тој одби да ја потврди информацијата на келнскиот весник „Експрес“ дека Гризман управувал со авионот и дека со него се сопругата, ќерката и нејзиното момче.
Причината за несреќата се уште не е официјално објавена. Хипоксија или недостаток на кислород е веројатно главниот виновник за падот на авионот Цесна, кој се урна синоќа по кратка драма во морето во близина на брегот на Латвија.
Авионот најверојатно летал со помош на автоматски пилот додека имало гориво и се урнал. Оваа теза ја поткрепува и тоа што германските медиуми објавија дека, пред последната комуникација, пилотот испратил порака за падот на притисокот во кабината.
Во близина на местото на несреќата биле забележани остатоци и фигура слична на нафтена дамка, рече шефот на латвиската спасувачка служба Петерис Субота, додавајќи дека не се пронајдени патници.