Изминатите неколку недели Алма беше во критична состојба и под близок надзор на лекарите во КЦУС, но, како што објави Кликс, синоќа им подлегнала на повредите.
На повредите им подлегна Алма Суљиќ (26) која беше тешко повредена во несреќата на 26 мај, во која загина младата докторка Азра Спахиќ.
Изминатите неколку недели Алма беше во критична состојба и под близок надзор на лекарите во КЦУС, но, како што информираат од Кликс, синоќа им подлегнала на повредите.
На кобниот 26 мај, А.Б. е осомничен дека со возило удрил во три лица на пешачки премин, на раскрсницата од улиците Долина и Маршала Тита. Азра Спахиќ починала на местото на несреќата, а две лица веднаш биле пренесени во болница за укажана помош.
А.Б. беше уапсен ден по страшниот настан, а на 22 јуни Обвинителството на кантонот Сараево поднесе барање до Кантоналниот суд за продолжување на притворот за уште два месеци. Утврдено е дека возел под дејство на алкохол, со поголема брзина од дозволената и без положен возачки испит.