Трагичен крај на потрагата, сите патници на Титан се мртви

Подморница на далечинско управување го открила полето на остатоците од подморницата „Титан“ која беше во обиколка на понатиот легендарен брод Титаник на дното на Атлантикот, објави американската крајбрежна стража.

Потрагата на подморницата денеска влезе во критична фаза, со што се верува дека подморницата останала без кислород во 13:08 часот, но операцијата за пронаоѓање продолжи.

„Оушнгејт“ објави соопштение во кое кажуваат дека животите на патниците се изгубени, јавуваат Би-Би-Си и Си-Ен-Ен.

Крајбрежната стража на САД потврди дека остатоците припаѓаат на подморницата „Титан“.

„Ова утро подводно пловило на далечнско управување откри дел од подморницата Титан. Потоа откриени се дополнителни остатоци од подморницата. Остатоците се во согласност со комората за притисок. После тоа веднаш ги известивме семејствата на посадата. На сите семејства им изразувам сочувство“, кажа контра-адмиралот Џон Маугер.