Трагичен крај на потрага по младо момче од околината на Сремска Митровица

Пронајден е мртов Филип Урумовиќ (22) кај Сремска Митровица, кој исчезна на 20 ноември, беше објавено на „Исчезната Србија“.

Неговиот автомобил бил пронајден во близина на стариот железнички мост, а го барале соучениците и соседите, но повеќе од три месеци од него немало ни трага ни глас.

Не се знае што се случило откако зад себе ја оставил последната трага, отклучен автомобил и недостапен телефон.

Според пријателите на Филип, тој на денот на исчезнувањето го оставил дома паричникот, а со себе ги зел само клучевите од автомобилот и мобилниот телефон.

Тие рекле дека Филип не се жалел на проблеми и дека никогаш не слушнале од него дека има „црни мисли“.

Како починал Филип ќе се утврди со деталната истрага.