Трагедија: Жена се удави во Охридското езеро

Жена од Ресен на возраст од 67 години вчера се удави во Охридското Езеро, a луѓе од плажата го забележале телото.

Таа се удавила во близина на плажа во Струга околу 15 часот. Лекарите од итната помош констатирале смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција, а засега нема информации за нејзината медицинска состојба. Можно е да имала некаков здравствен проблем.

Скопјанец на возраст од 44 години минатиот месец се удави откако отишол да се капе во Охридското Езеро, во близина на Поградец.