
Трагедија во Штип: Поранешен угостител во алкохолна криза ја убил својата мајка
Жителите на Штип велат дека С.З. некогаш важел за успешен угостител, но зависноста од алкохол и коцка целосно го оддалечила од бизнисот и од нормалниот семеен живот, што на крај кулминирало со оваа трагедија.
Рано утрово, Штип беше потресен од тешко убиство – 54-годишниот С.З., поранешен познат угостител, ѝ го одзеде животот на својата 84-годишна мајка. Локалното население тврди дека угостителот со години се борел со зависност од алкохол, но и дека имал и проблеми со коцка, поради што често се позајмувал пари од најблиските.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека трагедијата се случила ноќеска, околу 02:00 часот. Жената е убиена во семејниот дом. Осомничениот со остар предмет ѝ нанел убодна рана на својата мајка, која починала на лице место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта.
„Во 04:15 часот, полициските службеници од СВР Штип го лишиле од слобода осомничениот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, а на лице место бил извршен увид од страна на екипа на СВР Штип, под раководство на Јавното обвинителство. Острото оружје е пронајдено и одземено за натамошна постапка“, информираат од МВР.
Од полицијата потврдија дека против С.З. ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка за убиство на близок роднина, по член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Жителите на Штип велат дека С.З. некогаш важел за успешен угостител, но зависноста од алкохол и коцка целосно го оддалечила од бизнисот и од нормалниот семеен живот, што на крај кулминирало со оваа трагедија.