На 28.09.2024 околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место од куќа на подрачјето на Чаир, додека извршувал градежни работи, врз Ј.И.(54) од Скопје паднал бетонски столб.
– Ј.И. бил пренесен во Поликлиниката Чаир, каде од страна на лекар констатирана била смрт, информираат од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.