Трагедија во Србија: Син ја убил мајка си, а потоа и себеси

Две лица се пронајдени мртви во семејна куќа во Добро Поље кај Бољевац.

Се претпоставува дека синот по семејна расправија ја убил мајка си, а потоа и себеси, пренесува Нова.

Трагедијата во Добро Поље се случила во средата вечерта, а според првичните информации синот ги нападнал родителите, ја убил мајка си, тешко го ранил татко му, а потоа се самоубил.

Од полициската управа Заечар за порталот Нова.рс потврдија дека се пронајдени две тела и дека истрагата е во тек.

Таткото кој е тешко повреден е префрлен во заечарската болница.

Причината за трагедијата не е позната, истрагата е во тек, а на местото на настанот излезе и јавен обвинител од Зајечар.