Трагедија во Сараево – со автомобил прегазено 2-годишно дете

На подрачјето на општината Илиџа, вчера 34-годишен маж со автомобил удрил двегодишно дете, кое починало на лице место.

„На 06.05.2024 година во 17:45 часот се случила сообраќајна несреќа во која дојде до удар на пешак, дете од страна на патничко моторно возило `мерцедес` со кој управувал А.Х. роден 1990 година. Во сообраќајната несреќа од задобиените повреди, смртно страдало дете родено 2022 година. Смрт констатирал лекар од Заводот за итна медицина помош во Сараево“ – стои во соопштението на тамошното МВР.