Трагедија во САД: 13-годишно момче почина откако се задави во ќофтиња за време на ручек

Хосуе Чавез Ноласко, ученик во средното училиште Честерфилд, во САД, во средата, на 15 февруари, итно бил пренесен во болница, откако почнал да се гуши од ќофте за време на ручекот на училиште.

Иако на 13-годишното момче му била укажана прва помош и итно бил пренесен во болница, тој за жал не преживеал.

„Работев и добив повик од училиштето и ми рекоа дека мојот син има итен случај“, изјави мајката на момчето, Карина Ноласко за NBC12, која заедно со нејзиниот сопруг Ли се појавија во болницата.

Првично им било кажано дека на Џозуе му бил лишен кислород во мозокот 20 минути откако се задушил во ќофтињата, но дополнителните тестови покажале дека тоа е многу подолго.

„Направија тестови на крвта, а докторот ми рече дека детето немало кислород до мозокот 20 минути. Меѓутоа, се покажа дека немало кислород цели 40 минути. Направиле многу тестови за да видат дали ќе одговори , но мозокот му беше премногу отечен“, додаде очајната мајка.

Хосуе, за жал, подлегна три дена по инцидентот.

Иако родителите на починатиот млад човек не обвинуваат никого, тие бараат одговори од училиштето бидејќи им е нејасно како починал нивниот син три дена подоцна.

Сакаме да избегнеме ова да се случи во други училишта и ниеден родител да не мора да помине низ тоа низ што поминуваме ние“, заклучува уништената мајка.