
Полицијата во американската сојузна држава Охајо објави снимка од надзорните камери од моментот кога Та’Киа Јанг беше застрелана и убиена од полицаец.
Станува збор за Афроамериканка која во моментот на пукањето била во својот автомобил и која била бремена.
На видеото, објавено по повеќе од седум дена по нејзината смрт, се гледа како еден од полицајците постојано бара од неа да го напушти возилото. Друг офицер рече дека Та’Киа била обвинета за кражба, што таа го негираше.
Јанг го свртела тркалото надесно и почнала да забрзува кон полицаецот, кога полицаецот пукал низ шофершајбната на возилото, предизвикувајќи тоа да удри во ѕидот од продавницата пред нив.
„Неспорно е дека нејзината смрт можеше да се избегне. Тоа беше тешка злоупотреба на положбата и овластувањата на полицијата“, велат членовите на нејзиното семејство.
Во ноември се очекуваше да роди ќерка, а медиумите објавија дека има уште две деца.