Трагедија во Нови Сад – двајца мажи паднале од Петроварадинската тврдина, едниот починал на лице место

Двајца 30-годишни мажи од Параќин утрово околу 5 часот паднале од бедемот на Петроварадинската тврдина, потврдено е за српски „Блиц“.

Новосадската Итна помош интервенирала на повик на полиција, маж бил пронајден без знаци на живот и бил направен обид за реанимација, но и покрај напорите на лекарите, тој починал.

Како што изјавила за „Блиц“ лекарката од итната помош Николина Мариќ, вториот маж во свесна состојба е пренесен на хируршкото одделение на Клиничкиот центар во Војводина.

Засега не е познато како паднале од бедемот, од висина од околу 25 метри.