Трагедија во Кичево: Две малолетни девојчиња загинаа возејќи се на четрицикл

Вчера во 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во село Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.

Трагедија вчеравечер во кичевско. Во несреќа со четирицикл загинаа две малолетни девојчиња.

Вчера во 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во село Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од село Грешница, кичевско.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.