
Трагедија во БиХ – две лица загинаа во пожар
Две лица загинаа во пожар што синоќа избувна во семејна куќа во населбата Караѓорѓево во Пале, соопштија од Противпожарната служба во Соколац.
На куќата е причинета голема материјална штета. Пожарот зафатил два ката од куќата.
Причината за пожарот се уште не е позната, а за гаснење интервенирале пет пожарникари со три возила.
Пожарникарите го гаснеле пожарот четири часа, јави РТРС.