Маж, чиј идентитет се уште не е соопштен, загина синоќа во несреќа што се случи на улица Крал Бодина во белградската населба Шумице.
До несреќата дошло кога мажот паднал во шахта.
Несреќата се случила околу три часот по полноќ, а итната помош веднаш излегла на терен и започнала спасувачка акција, пишуваат белградските медиуми.
Но, и покрај брзата реакција на сите служби, лекарите можеле само да констатираат смрт кај мажот.
Во текот на истрагата ќе бидат утврдени сите околности на овој случај.